Српскиот министер за земјоделство Горан Кнежевиќ денеска најави дека по објавување на резултатите од Холандија, надлежните служби ќе го уништат целото млеко кое содржи афлатоксин во количина поголема од 0,05 микрограми на килограм.
Тој потврди дека ќе бидат разрешени и началници на управите, кои ги обелодени првиот потпретседател на Владата Александар Вучиќ, бидејќи тие служби не дејствуваа превентивно.
„Ова е само последица на нивното недејствување бидејќи требало порано да не’ предупредат на некои работи“, вели Кнежевиќ, по средбата со министрите за земјоделие од земјите во регионот.
Министерот Кнежевиќ уште најави дека во наредните неколку дена ќе биде вратен стандардот за присуство на афлатоксинот во млекото на 0,05 микрограми на килограм.
„Тоа што донесовме одлука да ја покачиме границата на 0.5 беше изнудена мерка во насока на спасување на малите фармери и преработувачи на млеко“, рече Кнежевиќ.
Поради аферата со млекото во најавите за сменување беа споменати најмалку четири директори и тоа Јан Бочански, директор на Управата за заштита на растенија, Иван Сочо, директор на Управата за ветерина, Слаѓана Лукиќ, шеф на Отсекот за здравје на растенијата и Слободан Владиќ, началник на Одделението за фитосанитарна инспекција.
Министерот за земјоделство, засега ќе биде поштеден, бидејќи како што изјави потпретседателот Вучиќч нема да биде сменет до 15 март, кога на ниво на партијата треба да се анализира работата на сите министри, од редовите на напредокот
„Кнежевиќ беше коректен и понуди оставка не поради субјективни, туку поради објективна одговорност“, додаде потпретседателот на српската Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Дали вашето тело не поднесува млечни производи: Не би ги препознале овие 7 симптоми
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)