| четврток, 6 декември 2018 |

Девојчето со црвениот капут од „Шиндлеровата листа“ има лоши спомени

Ако сте го гледале филмот „Шиндлеровата листа“ ( „Schindler’s List“ ), сигурно во сеќавање ви останало едно мало девојче, облечено во црвен капут, единствено нешто што има боја во овој црно-бел филм. Таа улога за оваа сега млада девојка, значи само лоши сеќавања.

Денес оваа 24 годишна студентка Оливија Дабровска, која за време на снимањето на филмот имала само 3 години, тврди дека филмот, на некој начин и го уништил животот, бидејќи била соочена со секакви коментари дека знае многу за Холокаустот од нејзините соученици, кога дознале дека всушност таа била „малото девојче во црвено,“ нешто што многу ја лутело.

Според неа, Спилберг, режисерот на филмот, и дал обврска дека филмот смее да го гледа кога ќе наполни 18 години, но сепак таа го скршила ова ветување и го погледнала на само 11 години, по што само и се зголемил впечатокот дека била дел од нешто така грозно за гледање т.е. дел од сцени каде што голем број на Евреи го губат својот живот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top