| четврток, 6 декември 2018 |

Прво таткото, па синот замина во смрт – семејството скршено од болка

decak-gol-smrt-1412462627-578401ytjn56uj56uj

12-годишното момче што загина откако на него падна гол во училиштен двор го зави своето семејство во црно. За жал, ова не е единствената трагедија која го снашла семејството Стефановиќ.

Како што пишува српски „Курир“, момчето како и секој ден излегло надвор да си игра со другарчињата. Додека играле, тој го фатил голот, а тој паднал врз него и му ја повредил главата. Момчето  веднаш било пренесено во болница, но, за жал, и покрај напорите лекарите не успеале да го спасат.

Пред пет години, и неговиот татко загинал во стравотна несреќа. Тој го загубил животот во страшна сообраќајна несреќа.

Втората трагедија ја скрши од болка мајката на малото момче. Таа не сака да зборува со никого и не е способна да се грижи сама за себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top