| четврток, 6 декември 2018 |

Партенон е во голема опасност од уривање

Славниот грчки Партенон, по 2.500 години постоење, се наоѓа во голема опасност од уривање. Археолозите откриле „нестабилност на тлото во сосема широката област“ на Акропол, пренесе „Б92“.

Научниците го анализирале тлото откако се откачил еден голем камен. За ваквата состојба тие го обвинуваат раководството на стариот Музеј на Акропол, кое донело повеќе спорни ослуки.

Научниците велат дека е потребно да изведат детална реставрација, покрај веќе постојните работи на најпосетената грчка туристичка атракција. Работите се во тек и покрај тоа што Грција мина низ тешка економска криза.

Од друга страна, археолозите се загрижени и за најстарата пирамида во Египет. Компанијата која е платена да ја изведе реставрацијата на 4.600 години старата пирамида всушност ја уништува, велат активистите за зачувување на културното наследство.

Тие тврдат дека компанијата на местото изградила нови ѕидови и структури и покрај законите за реставрација, кои го ограничуваат додавањето на повеќе од пет отсто конструкција што се реставрира.

УНЕСКО побара детален извештај од египетското Министерство за антика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top