Во една позната клиника во Белград, на одделението за пластична хирургија е примен првиот пациент кој е зависник од злогласената дрога „крокодил“, пишува Телеграф.рс.
Пациентот е во многу тешка состојба, со сериозни физички повреди (телото буквално му се распаѓа), но неговата состојба е стабилизирана и за сега се наоѓа надвор од животна опасност.
– Ова е прв пациент со вака драстични псоледици од моментално најстрашната дрога која постои на пазарот. Се работи за средовечен маж од Белград. Оштетувањата на кожата се големи, глетката е ужасна. За негова среќа, состојбата му е стабилизрана, пишува Телеграф.
„Крокодил” е дрога од „домашните работилници” која се добива со мешање на кодеин и бензин, три пати е поевтина од хероинот, но има слично дејство, па затоа и веќе подолго време е исклучително популарна во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст