Во рамки на програмата на „Крушево град на културата за 2014 година“, денес почнува манифестацијата „Крушевска софра“.
Истата ќе се одржи во Градскиот парк во Крушево, а опфаќа презентација на сите ресторани, хотели, здруженија на граѓани, производители на здрава храна и традиционални јадења кои се составен дел од богатството на туристичката понуда на Крушево.
„Софрата“ ќе биде збогатена со присуство на винарски визби од Македонија кои ќе ги промовираат најубавите македонски вина, но и со настап на музичките ѕвезди Блага Петреска и Ефто Пупиновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Научно-културни средби „10 дена Крушевска Република“ од 1 до 10 август
-
Во Париз манифестација за „Суверена и мултукултурна Македонија“
-
Културната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“ свечено отворена од премиерот Груевски (фотогалерија)
-
Традиционална манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“ во Рим (ФОТО)


