Водителката на емисии за патувања Алисон Тил, за време на својот престој на Малдивите наместо во живописните плажи и во морското синило, нашла инспирација во островот од ѓубре што се наоѓа веднаш покрај архипелагот.
Тоа е вештачки остров, создаден така што луѓето во него фрлале и по 400 тони пластичен отпад на ден. Во споредба со она што публиката навикнала да го гледа на Малдивите, островот од ѓубре изгледа апокалиптично.
За жал, тоа не значи дека целата пластика е таму и дека другите острови на Малдивите, природните, се лишени од загадување. Тил во својата обиколка покажува повеќе места како се пренатрупани со пластика, а на дел од плажите е фоторгарифана како сурфа со својата розова даска опкружена со шишиња и со друг отпад. Нејзиниот тим, освен што организирал фотосесија на островите, спровел и акција за чистење на плажите.
– Да бидам фер, не постои депонија на светот што изгледа толку воодушевувачки како оваа. Но да се види толку многу пластика фрлена таму наместо да се рециклира, тоа е недозволиво – изјавила Тил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.