| четврток, 6 декември 2018 |

Што треба да престанат жените да прават една на друга

D

Во последните 100 години жените направија речиси се што можат во борба за еднакви права без оглед на полот, а феминизмот во западниот свет резултираше со генерации млади жејни кои ја отфрлуваат вредноста на патријахалното општество. Сепак, се чини дека често на жените противници не се мажите, туку тие меѓусебно.
Иако вака не се однесуваат сите жени, може да се каже дека и само мал број од нив е доволен за оставање на лош впечаток и создавање на предрасури, пишува Хафингтон Пост.
1. Погрдни имиња
Ословувањето на други жени со погрди имиња поврзани за женскиот род испраќаат порака на другите околу нив, па така и на мажите, дека тоа е во ред. Без оглед колку жената имала партнери, на кој начин напредувала или фактот дека го мами својот маж, жените треба да се угледаат на мажите и нивниот меѓусебен став.
2. Коментирање на туѓ изглед
Ова е една од омилените женски разговори, но и начин на зголемување на сопствената самодоверба и пумпање на егото. Истите тие жени можат да се судат за сведување на женското тело на парче месо од рекламите, а од друга страна тоа и самите да го прават.
3. Свесно заведување на зафатен маж
Секако дека маж кој може лесно да се заведе и да се украде од некоја друга и не е некоја прилика, па можеби би било подобро воопшто да не се стапува во таква врска, за сопствената совест најпаметно е да се избегнуваат такви приказни, посебно ако во нив се вклучени деца. Почитувајте го туѓото исто како што би сакале тие да го почитуваат вашето!
4. Обвинување на други жени за измама на партнерот
Во продолжение на претходната точка, жените секако треба да престанат да ја бараат вината за измама на својот партнер во друга жена. Таа не била со вас во врска, нема обврска кон вас, а судејќи според се, можеби не знаела ни дека постоите. Тој е тој кој ве измамил, а не таа.
5. Ширење на гласини
Едно е да се коментира нешто со најдобрата пријателка, а друго е да се обидете да се зближите со другите со ширење на непроверени информации за други жени. Со тоа повеќе говорите за себе, отколку за неа.
6. Непријатни комплименти
Ако кажете – косата ти изгледа одлично, но би било подобро да е уште покуса, или – изгледаш добро денес, си ја миела косата? Тоа не се вистински комплименти и подобро не зборете ништо.
7. Избегнување на разговор
Ова е многу често однесување во кое жената на сите други ќе каже дека колешката, пријателката или познаничката ја налутила, без да се обрати токму на неа. Со тоа излегуваат неспособни директно да се соочат како возрасни луѓе.
8. Откривање на тајни
Ако сте се зарекле на молчење, на туѓа тајна треба да пристапите така како што би сакале други тоа да го направат со вашите. Со тоа искажувате почит, но и откривате дека сте човек од збор.
9. Натпревар и глума
Успехот на друга жена може да биде одличен мотив и пример на кој можете да се угледате, но  и извор на фрустрации и оправдување за сопствената пасивност. Светот е доволно голем да успеат многу жени. Исто така, ако ви пречи друга жена, антипатична ви е и со неа немате допирни точки, подобро воопшто не се дружете со неа, отколку лицемерно да глумите.
10. Зборување лошо за нејзиниот партнер
Без разлика дали таа ви е пријателка или сестра, жените често си земаат за право да озборуваат туѓ партнер. Освен ако се работи за злоставување, немате право да судите за туѓите избори, ниту можете да ги знаете сите детали за некој однос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top