| четврток, 6 декември 2018 |

Тирана одвои 200 илјади евра помош за Србија и Бих

Albanija,Tirana, trg skenderbeg 0409 2008,snimioD.MILOVANOVICВладата на Албанија донесе одлука за доделување финансиска помош на Србија и на Босна и Херцеговина.

Станува збор за 200.000 евра наменети за помош за настраданите подрачја од поплавите што двете земји ги зафатија во мај годинава.

– За ублажување на последиците од големите поплави што се случија во Република Србија и во Република Босна и Херцеговина, Советот на министри на Албанија одлучи на двете земји да им додели финансиска помош во износ од по 100.000 евра, стои во одлуката на Владата во Тирана.

Средствата ќе бидат издвоени од фондот за посебни потреби.

За време на поплавите Албанија понуди помош и испрати свои спасувачки екипи во двете земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top