| четврток, 6 декември 2018 |

Српските пензионери се револтирани: Државата ни брца в џеб

пензионериЗдружението на синдикатот на пензионерите на Србија, кое најави жалба пред уставниот суд за предложеното намалување на пензиите, смета дека пензијата е нивен личен имот, па побара власта да им објасни „во која држава се зема туѓ имот се зема без прашање?“

-Неприкосновено право е да може да се располага со својот имот по своја волја и во корист за други, на принцип на солидарност, а не на крадење. Тие ни брцаат во џебот ни земаат што е наше и не убедуваат дека тоа е за наше подобро утре- се наведува во соопштението.

Потсетуваат дека државата користејќи ги парите од пензинскиот фонд вложувала во објекти, училишта, бањи, хотели патишта, а сега кога е продадено се што е можно, посегнала по она што е изградено со заштедено од пензионерите. „ние таа заштеда ја оставивме за пристоен живот, а тие парите ги сметаа за подарок и сега зборат како не издржуваат“, посочуваат пензионерите и додаваат „па дури законски го сменија управувањето со фондот.

-Тоа што ДОС-овците го почнаа со социјалниот геноцид- тоа преоблечените националисти го завршуваат со еутаназија на пензионерите“- се вели во реакцијата на Синдикатот на пензионерите по најавите за намалување на пензиите како дел од антикризните мерки во Србија, посочувајќи дека сега за нив не важат човековите права за кои се залагаат светските центри на моќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top