Речиси две третини од Американците ги поддржуваат нападите на воените сили врз исламистите во Ирак и во Сирија, но половина од нив проценуваат дека е присутен голем ризик од нови терористички напади на тлото на САД, покажаа резултати од анкета.
Анкетираните граѓани се поделени по прашањето за поддршка на начинот на кој претседателот Барак Обама се справува со заканите од исламските групи и другите терористички организации, па половина од нив ги поддржуваат, а другата половина не ги поддржува постапките.
Околу третина од Американците го поддржуваат проширувањето на акциите против џихадистите со сегашните воздушни напади, односно испраќање свои војници на терен во Ирак и во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.