| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: АРМ останува тоа што е, без оглед кој е министер

101986313
Јас веќе еднаш го искажав мојот став, дека навистина се уште се свежи сеќавањата на она што се случуваше во Македонија во 2001 – та година и многу рани не се залечени од тој конфликт. Затоа е чувствителна темата и неговиот избор предизвика такви реакции.

Ова е одговорот од претседателот на Република Македонија и врховен командант на Вооружените сили, Ѓорге Иванов на барањето од новинарите да даде коментар за назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана и протестите кои се случија како реакција за неговиот избор.

– Јас како Врховен командант им порачувам на сите што се во и надвор од АРМ, дека не треба да се грижат за Армијата. Во мојот мандат се сменија тројца министри, но Армијата остана тоа што е – секогаш со највисоки оценки и за пример во извршување на сите обврските во земјите каде сме поканети. Ќе се сменат многу министри, врховни команданти, претседатели на држави, но Армијата ќе остане тоа што била и ќе зацврстува и секогаш ќе биде пример како другите институции да функционираат, изјави денеска претседателот Иванов, во предавањето на Правниот факултет во Кичево.

На прашањето какви се изгледите Македонија годинава да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, Иванов потенцира дека она што е наша обврска треба да го исполниме, иако, како што наведе, многу работи наруши и одзеде политичката криза.

– Сепак, со она што го остваруваме и ако локалните избори поминат во најдобар ред ние заслужуваме да добиеме датум, затоа што тоа ни припаѓа, тоа нема да го добиеме како подарок. После четири добиени позитивни извештаи, датумот е нешто што и припаѓа на Република Македонија, рече претседателот Ѓорге Иванов при денешната посета на Кичево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top