Жител на Загреб на хрватската полиција ѝ предал цел арсенал оружје, но бидејќи полицијата има пракса да не казнува за поседување илегално оружје доколку тоа биде предадено доброволно, тој нема да биде казнет, јави агенцијата Хина.
Загрепчанецот, чии лични податоци не се соопштени, вчера на полицијата и предал 46 рачни бомби, противтенковски минофрлач М80, четири повеќеделни гранати, стомилиметaрски проектил, 2,6 килограми експлозив ТНТ, 1,5 метри детонациски кабел, 15 метри спрогоречки фитил, 11 детонатори, 91 куршуми и три реплики на артилериско оружје.
Оружјeто ќе биде преземено од овластени полициски службеници во цивилна облека и ќе биде траспортирано со возило без полициски ознаки.
Полицијата уште еднаш потврди дека и натаму важи одлуката да не се казнуваат граѓаните кои добровoлно го предале оружјето што го поседуваат илегално.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре