| четврток, 6 декември 2018 |

Во Норвешка најубаво се старее

dom-starih-relax-spuz-4

Норвешка е најдобра земја за стари лица, покажале резултатите од истражувањето кое било спроведено во 96 земји.

Според меѓународниот индекс на квалитет на животот во старата доба со кој се мери социјалната и благосотојбата на старите лица над 60 години, високо на листата се Австралија, Западна Европа и Северна Америка, а на последно место е Авганистан.

Според ова истражување, до 2050 година 21 отсто од глобалната популација ќе биде постара од 60 години.

Индексот се мери во четири области – сигурност на приходи, здравствена и лична способност и дали лицето живее во „прифатена атмосфера“.

Зад Норвека се Шведска, Швајцарија, Канада и Германија пренесува „Би-Би-Си“.

До 2050 година околу 40 земји во индексот ќе имаат 30 отсто од популацијата која ќе биде постара од 60 години. Според податоците на ОН, бројот на старите од 60 години ќе достигне 1,4 милијарди до 2030 година.

Некои земји како Мексико и Перу напрадувале на овој индекс поради воспоставување на системот на социјални пензии за најсиромашните стари лица. Тоа се пензии кои се финансираат од данокот и не се на база на придонеси и осигуруваат базичен приход за најранливите категории на населението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top