| четврток, 6 декември 2018 |

Мустафа доби 468. 500 ден со играта „Кено“

Keno-650x396

„Кено, Твоја игра, твоја среќа“, среќата му се насмевна на Мустафа Шабани од Скопје, кој го доби најголемиот Гран при џек пот од почетокот на „Кено“ во Македонија. Среќниот Мустафа, триесет и едногодишниот скопјанец, во средата 24.09.14, го „фати“ гран-при џек-потот во играта „Кено“, во висина од 468.500 денари!

Во објектот на „Спорт лајф“ обложувалници во Топанско поле, Мустафа уплатил 100 денари за неговиот последен Кено тикет тој ден, со бројките 18 и 49, кои не биле добитни во тековното извлекување. Но, среќата го послужила откако на екранот по извлекувањето се појавил серискиот број 02443560 на неговиот тикет со рекордната гран-при џек-пот добивка на Кено играта досега.

– Играм Кено откако почна во вашата обложувалница и имав претчувство дека кога-тогаш ќе имам добивка. Играм секој ден по неколку тикети, имам и мои среќни бројки кои ги вртам на сите тикети и понекогаш добивам, понекогаш не, но таква е играта. Во вторникот одиграв неколку тикети и кога од последниот не беа извлечени моите бројки, го стуткав тикетот, но како да имав претчувство дека сепак може да бидам ’добитен’. Ги погледнав бројките кои беа извлечени во џек-потот и не можев да поверувам дека мојот тикет ми ја донесе главната премија, а тоа беше многу повеќе од тоа што очекував – раскажува Мустафа.

Џек-потот кој стигна до 468.500 денари, а по одбиените даночни обврски, Мустафа подигна 421.650 денари или скоро 7000 евра!

– Знаев дека кога-тогаш ќе имам среќа во Кено. Ова е многу интересна игра, ќе продолжам да ја играм и да се надевам на други добивки. На сите можам да им порачам да почнат да играат Кено и да си ја бараат среќата, таа нема да дојде самата – вели Мустафа.

По исплатениот рекорден џек-пот, фондот за главната премија почна повторно да се полни и во моментов изнесува околу 30.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top