Пабло Пикасо еднаш рекол: Дајте ми музеј, а јас ќе го наполнам!, а неговиот музеј во Париз ќе се отвори во крајот на октомври по многу одлагања.
По петгодишно реновирање Музејот на Пикасо во Париз ќе се отвори на роденденот на великанот, 25 октомври. Славниот сликар е роден 1881 година, во шпанскиот град Малага, но најголем дел од својот живот го минал во Франција каде што и починал во 1973 година.
Во Музејот ќе има повеќе од пет илјади слики, статуи и графики, како и личната архива на Пикасо.
Ана Балдасари, која девет години беше на чело на музејот, е сменета во мај, по јавното препукување со врабоотените и министерката за култура Орели Филипети, која пак подоцна беше сменета во август. Во тоа препукување се вплатка и синот на Пикасо, 66-годишниот Клод Пикасо, кој ја поддржа Балдасари и за весникот „Фигаро“, изјави „Франција му се потсмева на мојот татко“.
Реноиррањето чинеше 52 милиини евра, а изложбениот простор е зголемен за трипати и се протега на пет ката. Се очекува дека ќе привлече милиони посетители годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.