| четврток, 6 декември 2018 |

Обуки за аплицирање за европски финансирани проекти

evropska-centralna-banka2Обука за подготовка и аплицирање на европски проекти, запознавање со новите Европски програми 2014-2020 достапни за компаниите и можностите за учество и подготовка на европски финансирани проекти, организира Стопанска комора на Македонија.

Обуките, како што соопштуваат од Комората, се иницирани од досегашното искуство во работењето со ЕУ како и со други видови на фондови и фондации, од кое е утврдено дека создавањето капацитети за апсорпција на овие фондови е од суштинско значење за бизнис секторот.

Семинарот нуди теоретски и практични знаења кои се применливи во најразлични организации и е наменет за приватниот сектор, универзитети, невладини огранизации…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top