| четврток, 6 декември 2018 |

Путин ќе добие Орден на Република Србија

Custom Union, Ukraine, EU summit in Minsk

Српскиот премиер Александар Вучиќ потврди дека неговиот руски претседател Владимир Путин доаѓа во Белград на 16 октомври, по повод 70 годни од ослободувањето на градот. Со рускиот амбасадор во Србија била договорена програмата за посетата на Путин. Рускиот претседател ќе се сретне со премиерот Вучиќ и претседателот на Србија. Томислав Николиќ. Планиран е и ручек со претстстаници од српската и руската делегација.

-Претседателот Путин ќе присуствува на воена парада каква што не сме имале повеќе од 40 години. Мислам дека датумот и поводот го заслужуваат тоа – изјавил Вучиќ.

Според него за време на посетата на Путин ќе се разговара и за односите на двете земји во иднина, кои се добри но можат да бидат уште подобри и поуспешни.

Претседателот Николиќ на рускиот колега ќе му додели Орден на Република Србија. Путин ќе пристигне на аеродромот „Никола Тесла“ каде ќе биде пречекан од страна на Николиќ. Потоа во српската палата ќе биде оддржан свечен прием, по што следува состанокот на Николиќ и Путин. Потоа следува средбата со Вучиќ.

Претседателите ќе присуствуваат на воената парада каде ќе биде доделен и Орденот. Тука е предвиден говор на Николиќ, но и говор на Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top