
Работната група за децентрализација, раководена од државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Билјана Цветановска-Гугоска денеска и утре ја утврдуваат Методологијата за подготовка на новата Програма која што ќе произлезе од мерките и проектите од Програмата на Владата на Република Македонија за
периодот 2014 – 2018, кои што се однесуваат на локалната самоуправа.
– Исправени сме пред предизвикот на планирање на новиот документ посветен на развојот на децентрализираната власт во Република Македонија. Тоа треба да биде шестиот програмски документ посветен на оваа област. Токму затоа би сакала во оваа прилика да истакнам дека токму оваа наша средба покажува дека Министерството за локална самоуправа и Владата на Репубика Македонија остануваат посветени на понатамошен развој на локалната самоуправа, како основен предуслов за создавање економски посилни, развојно ориентирани и инклузивни
единици на локалната самоуправа – рече во своето обраќање државниот секретар, Билјана Цветановска-Гугоска.
Според неа значајно е да се истакне дека со новата програма првпат се сака да се опфати подолг, петогодишен период, наместо досегашните тригодишни документи.
Цветановска-Гугоска, потенцира дека процесот на децентрализација не е цел сама по себе туку алатка за создавање на подобра иднина. А токму откривањето на патиштата на иднината е процес кој никогаш не завршува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


