| четврток, 6 декември 2018 |

Канадската „Резервоир минералс“ заинтересирана за долгорочно инвестирање во Македонија

reservoir-minerals-presentation-august-2013-1-638

Канадската компанија „Резервоир минералс“ работи во Македонија повеќе од една година на истражување злато на Кожуф Планина, на локалитетот Коњско. Концесијата ја добија во 2013 година, а досега во истражување имаат инвестирано 750 илјади евра. Концесијата е издадена на период од четири години.

– Заинтересирани сме за долгорочно останување во Македонија. Работиме една година на оваа концесија. Засега резултатите ни се охрабрувачки, така што продолжуваме да работиме на оваа концесија, но и на зголемување на инвестициите за што имаме поднесено иницијативи за повеќе концесии – изјавија денеска претставници на компанијата на презентацијата на своите активности.

Потенцираа дека во истражувањето развиваат бизнис на заедничко работење со светски познати рударски компании, а во регионот се успешни во своите активности во Србија.

– Засега во Македонја за 1,5 година имаме само една концесија и вложено околу 750 илјади евра. Оваа инвестиција се однесува само на еден проект и се надеваме дека ќе имаме и други проекти – истакнаа од компанијата.

Во регионот се присутни 10 години, а за Македонија сметаат дека има позитивна бизнис-клима и оти тоа е причина да продолжат со инвестирањето и тоа не само со нови концесии, туку и со рударство.

Позитивно го оценуваат законодавството за рударство, активната рударска индустрија, висококвалификуваните македонски технички стручни лица за истражувачката и рударска индустрија и слично.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top