
Тешка сообраќајна незгода се случи вчера околу 7 часот на магистралниот пат Штип – Велес меѓу патничко моторно возило марка „голф“ со штипски регистарски таблички управувано од штипјанецот В.М., роден 1991 година, и моторно товарно возило комби „форд“ со кумановски регистарски таблички управувано од Б.Н., роден 1982 година од с. Соколарци.
Според порталот „Во Штип“, возачот на „голфот“ добил тешки телесни повреди и поради нивната сериозност бил префрлен на лекување во Скопје, а возачот на комбито, кој исто така добил тешки телесни повреди, е задржан на болничко лекување во штипската Клиничка болница.
Во комбито имало уште двајца сопатници од кои едниот малолетник, но, за разлика од возачите, тие добиле лесни телесни повреди и се пуштени на домашно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


