Македонија во јануари годинава извезла производи во вкупната вредност 305.638.000 американски долари, а увезла стока вредна 497.227.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61,5 процент. Трговскиот дефицит изнесува 191.589.000 долари.
Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот, пак, најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.
Најголем дел од македонскит извоз во јануари отпаѓа на земјите-членки на ЕУ 27 (70.4%) и на земјите од западен Балкан (19 проценти). И во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (51.9%), како и Заедницата на независни држави (13,7 проценти).
Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Русија, Бугарија и со Србија (49 проценти од вкупната надворешно-трговска размена).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.