| четврток, 6 декември 2018 |

Огнен Трпески од Македонија ќе дизајнира за светски позната марка

Уникатните патики дизајнирани од младиот македонски дизајнер Огнен Трпески, кој долго време живее и работи во Њу Џерси, се во трката за најдобар дизајн на патики на светски познатиот спортски бренд „диси“ (DC).

dizajn-na-patiki-650x487

На конкурсот има голем број пријавени млади графички дизајнери од целиот свет, а според жирито што го врши изборот, Огнен е еден од фаворитите за победа, со оглед на тоа што неговиот дизајн е посочен како – исклучително квалитетен.

За него можете да гласате на следниов линк на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“, денеска заклучно со 20 часот по македонско време.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top