Газираните сокови не се добри за здравјето, покажаа многу истражувања, а последно кое се појави даде нови сознанија за овој штетен пијалак.
Имено, доволено е само еден диетален сок дневно за да ја наруши работата на метболизмот за повеќе од третина, а резултатот е тој што најмногу се плашите – правење масни наслаги околу внатрешните органи, попрецизно, дебелеење околу половината.
Покрај тоа, се зголемува и лошиот холестерол. Долготрајното консумирање зашеќерени газирани сокови доведува до хиперактивност и менува повеќе стотици протеини во мозокот, додека лошата вест за повозрасните лица е фактот дека ја намалува густината на коските правејќи ги тенки и кршливи.
Има уште лоши вести – газираните сокови ги нагризуваат забите и предизвикуваат проблеми со бубрезите, а од штетното дејствување не се поштедени ни репродуктивните органи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.