| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановски на Светскиот самит за информатички технологии 2014 во Мексико

ivo

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, учествува на Светскиот самит за информатички технологии 2014, кој од денеска до 1 октомври се одржува во градот Гвадалахара во Мексико.
Како што соопшти МИОА, Ивановски ќе има обраќање на две панел-дискусии – „Иднината на широкопојасниот интернет“ и „Отворени податоци за транспарентна влада“, а исто така ќе одржи и презентација пред ИКТ комората на Мексико.
На самитот учествуваат 50 излагачи и околу 2.500 делегати од 80 земји, владини и академски претставници, извршни директори на ИКТ компании, медиуми, невладини организации, како и водачи на корпорации, кои ќе разговараат и разменуваат мислења за новите ИКТ прашања на глобално ниво. Главна тема на собирот ќе биде „Градење заедничка дигитална ера“ во рамките на која ќе бидат покренати правни и економски прашања поврзани со неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top