На веб-страницата на Државниот завод за статистика се гледа дека трошоците за живот во кој било месец од 2012 година се за 6-9 проценти повисоки од трошоците за живот во соодветниот месец во 2010 година. Или, во просек, трошоците за живот во 2012 година се за околу 7,3 проценти повисоки отколку во 2010 година.
Според Државниот завод за статистика, просечната нето-плата во Македонија во периодот јануари-декември 2012 година била 20.902 денари, додека во истиот период во 2010 година била 20.553 денари.
Просечната плата во изминатите две години се зголемила за околу 350 денари, односно во 2012 година била за околу 1,7 процент повисока отколку во 2010 година. Трошоците за живот растат многу побрзо отколку што растат платите, односно со платата може да се купат помалку производи отколку пред две години, објави „Радио Слободна Европа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.