Кумановските полициски инспектори поднеле пријави за тетовецот Д.Ј. и за скопјанецот И.М., кои лажеле дека работат во Министерството за транспорт и врски, па измамиле двајца кумановци, од кои зеле 43.000 евра. За стореното кривично дело тие се осомничени за измама и за фалсификување исправа.
Од полицијата велат дека лажните државни службеници, ветувајќи им на кумановците дека можат да им обезбедат откуп на градежно земјиште по поволни услови, зеле 1,7 милион денари и 20.200 евра.
Откако ги добиле парите, измамниците направиле лажни исправи без потписи од овластени лица и склучиле договори со измамените лица за откуп на градежното земјишта, а откако договорите не можеле да бидат солемнизирани кај нотар, жртвите побарале полициска помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст