| четврток, 6 декември 2018 |

Мостот кај Пепелиште пред уривање

BB7569A93563554BBB1BBB248A4D48AB
Поради оштетување на мостот на Вардар кај селото Пепелиште, тој од синоќа е забранет за движење на тешки товарни возила. Од полицијата со соопштение ги информираа граѓаните дека е ограничена и брзината на движење на патничките моторни возила на 20 километри на час.

Покрај поставените сообраќајни знаци, пред мостот цела вечер и денес има полиција која, ако има потреба, им го укажува тоа на патниците.

– На мостот Неготино – Пепелиште се јавуваат видливи деформации на петтиот ред столбови. Има вертикалнo и странично извиткување – е ставот на стручните служби од општина Неготино.

Во текот на денот се очекува овој мост, кој е на регионалниот пат Неготино – Штип, да го посетат и други надлежни стручни служби, кои ќе преземат соодветни мерки за заштита на мостот. Оштетување на мостот имаше и порано и се вршеа санирања за да не дојде до поголеми последици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top