| четврток, 6 декември 2018 |

Функционер на СДСМ од Куманово уапсен за поткуп

виктор божиновскиВисок функционер на СДСМ во општина Куманово попладнево е уапсен под соменение за корупција.Според информациите, денеска попладне Одделот за организиран криминал во МВР го уапсил раководителот на правниот сектор во општина Куманово по пријава дека примил награда за противзаконско влијание.

Раководителот се сомничи дека зел одредена сума евра за странка. Од полицијата го потврдуваат случајот и додаваат дека во моментов во тек е претрес. Повеќе детали се најавуваат во текот на утрешниот ден.

Според медиумите од Куманово, станува збор за Виктор Божиновски, поранешен директор на ЈП Водовод и актуелен раководител на правната служба во Општина Куманово. Се наведува дека бил уапсен под сомневање за примање поткуп за противзаконски дејства. Според информациите, Божиновски бил уапсен по пријава дека примил награда за противзаконско влијание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top