| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Намалена невработеноста, зголемена вработеноста кај младите луѓе

DSC_1748

-Невработеноста е намалена и денеска таа изнесува 28, 2 отсто што претставува најниско ниво на невработеност во последниве 18 години. Колку за потсетување, пред ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт, невработеноста изнесуваше 30 отсто –  изјави денеска премиерот Никола Груевски. Тој заедно со останатите министри пред граѓаните даде отчет за она што е сработени во првите 100 дена од формирањето на новата влада по парламентарните избори во април годинава.

Тој нагласи дека Македонија бележи и пораст на вработеноста во вториот квартал за 41,1 отсто, како и зголемување на вработеноста кај младите лица до 29 години преку мерките кои за нив се спроведуваат.

-Од почетокот на реализацијата на овие мерки, вработени се повеќе од 3.500 млади лица –  рече Груевски на денешната прес-конференција.

Тој потсети дека е остварено и ветувањето за намалување на даноците од 18 на 5 отсто за училишните прибори, бебешките производи, сточната храна и добитокот. Потсети и ина проектите за нивелирање на казните, топ менаџер, странски експерти во македонски компании и многу други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top