| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Во моментов 17 странски компании отвораат нови фабрики во Македонија

DSC_1620Премиерот Никола Груевски во отчетот по повод 100-те дена влада, се осврна на привлекувањето на странските инвестицвии, како најуспешна политика за намалување на невработеноста. Според него, со проектите и мерките на Владата, во Македонија во континуитет се намалува невработеноста, чиј износ се намали на 28,2 проценти,  а една од најуспешните е  политиката на привлекување странски инвестиции. Македонија, нагласи, и натаму останува земја со најниски даноци, обезбедува поддршка за домашните компании, воведовме централен систем за царинење и електронско плаќање на даноци.

-Во моментов 17 странски компании работат на отворање на нови фабрики во Македонија. Најавени се и нов инвестиции од шест компании и Контнте груп, Мач груп, Темпо груп, Смирна, Охи груп, Про лајн. Инвестиции кои ќе бидат на територијата на цела Македонија каде ќе имаме од 50 до 400 нови вработувања. Две компании најавија дополните инвестиции. Гришко е едната, таа ќе отвори нови капацитети кои ќе овозможат од 160 до 200 нови работни места. Шест компании донесоа интерни одлуки за инвестирање во Македонија. Бидејќи овие одлуки не се сеуште јавни можам да кажам дека станува збор за неколку американски, една германска и турска компанија. Планирано е нивните инвестиции да бидат во Скопје, Битола, Прилеп…- додаде премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top