
Луѓето се почесто потенцијалниот партнер го бараат во пријателските кругови. Дури и кога само излегувате со пријателите, помали се шансите да запознаете некого. Големите групи и тоа како може да ги исплашат потенцијалните кандидати, па тие, од страв од одбивање, многу често се откажуваат. Исто така, да се биде пријател со некого не значи дека имате исти цели и амбиции.
Една третина имале чувства кон пријател, а тој проблем ги мачел повеќе мажите отколку жените. 13% од нив изкрено и признале дека подоцна се покајале поради таквата одлука.
Речиси 40 % од луѓето на возраст меѓу 25 и 34 години излегувале со свој пријател. Една третина имале чувства кон пријател, а тој проблем повеќе ги мачел мажите отколку жените, поточно 38% од нив, во однос на 29% жени, пренесува „Дејли мејл“.
Истражувањето го спровела интернет-страницата Match.com, a 10 % од испитаниците откриле дека се бакнале со повеќе пријатели, а секој десетти се нашол во љубовен тријаголник со пријател.
Една четвртина од нив отишле и чекор подалеку и спиеле со пријател, а тоа најчесто било последица на пијана ноќ .13% од нив искрено признале дека зажалиле за таа одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


