
Маријам Ал Мансури (35) е првата жена-пилот која ги предводела воздушните напади во текот на бомбардирањето на позициите на Исламската држава во Сирија.
Таа е командант на ескадрилата борбени авиони F-16, Ал Мансури заедно со пилотите од Бахреин, Јордан, Саудиска Арабија и Катар ги спровела нападите во близина на сириските градови Рака, Алепо и Идлиб.

Ал Мансури се приклучила на авијацијата на ОАЕ во текот на 2007 година кога армијата најави дека ќе прифаќа и жени за обука на пилотскиот колеџ Калифа Бин Зајед.
Сепак место да се натпреварува со своите колеги мажи, Ал Мансури вели дека е повеќе сконцентрирана на натпреварување со самата себе за да ги подобри своите вештини.
-Секој мора да има исто ниво на борбена способност, вели Ал Мансури.
Таа е родена во Абу Даби, а потекнува од фамилија со осум браќа и сестри.Ал Мансури вели дека во текот на тренинзите немала посебен третман поради полот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


