| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 600 американски војници ќе бидат распоредени во Полска и балтичките држави

usa vojska

Околу 600 американски војници со тенкови и други оклопни возила ќе пристигнат во Полска и балтичките држави во текот на викендот, соопшти полското Министерство за одбрана.

Американските војници ќе го заменат лесно вооружениот десантен контингент и ќе учествуваат во воени вежби.

Според полското Министерство за одбрана целта на вежбите е дел од операцијата „Атлантска решителност“ на НАТО со цел да „гарантира безбедност на европските сојузници од последната агресија на Русија врз Украина“.

Во Полска ќе бидат распоредени приближно 600 војници, 12 тенкови, осум оклопни возила и друго.

– Присуството на воените единици е израз на силата на билатералните американско-полски односи, како и на ангажманот според член 5 од договорот на НАТО за колективна одбрана, се истакнува во соопштениоето полското Министерство за одбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top