Денот започнува облачно, особено на северната половина од земјата, каде облачноста можно е да донесе сосема слабо проврнување. Но попладне, а особено навечер ќе настапи значително намалување на облачноста. Во текот на денот ќе дува умерен, локално до силен северен ветер. Утрото ќе биде потопло од претходните две. Минималната температура ќе биде во границите од 8°С до 13°С.
Според МЕТЕОПРО, максимална температура околу 18°С се очекува во северната половина на земјата, а во југозападниот регион околу 16°С. Најтопло ќе биде на југоисток, до 22°С.
Во скопската котлина се очекува променливо облачно претпладне со услови за сосема слабо проврнување. Попладне и вечер облачноста значително ќе се намали. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 10°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 17°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.