| четврток, 6 декември 2018 |

Србија подготвува закон што ќе предвидува затвор за учество во странски конфликти

dzihadisti_terorirsti-650x396

Србија подготвува предлог-закон, што предвидува до осум години затвор за учество во војни или вооружени конфликти во странство, и од две до десет години за организирање такво учество, пишува весникот „Политика“.

Предлог-законот, предложен од Социјалдемократската партија на Србија веќе е усогласен со Министерството за правда и ќе биде поднесен на разгледување во Парламентот во октомври.

Уште во ноември минатата година, партијата предложи до Парламентот закон, според кој членството на српски државјани во терористички групи по светот се смета за криминална дејност, но поради предвремените парламентарни избори предлог-законот беше симнат од парламентарна процедура.

Вакви закони веќе стапија во сила во Македонија, БиХ и Црна Гора, а во Косово се внесени предлози за измени во кривичниот кодекс во таа смисла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top