| четврток, 6 декември 2018 |

Режисерот Митриќески и дел од екипата на „Деца на сонцето“ не добија виза за Лондон

Aleksandar Mitricevski 11

Македонскиот режисер Антонио Митриќески и дел од екипата на долгометражниот филм „Деца на сонцето“ не добија британска виза и синоќа на присустуваа во Лондон, на светската премиера на филмот, која се одржа на меѓунаордниот фестивал „Реинденс“, каде што е номиниран за главна награда. 

10647192_757106927688588_8178667802273337987_n

Од премиерата во Лондон

– На премиерата требаше да присустувам јас, продуцентот Дејан Милошевски  и дел од актерската екипа. Но, не добивме британска виза. Ние навреме аплициравме, но од агенцијата што е задолжена за визи ни соопштија дека ни недостига еден формулар. Објаснивме дека ќе го обезбедиме и тој формулар, но ни кажаа дека е доцна и дека визите нема да стигнат до 25 септември, за кога беше закажана премиерата на „Деца на сонцето“ – изјави за „Република“ режисерот Митриќески во телефонски разговор.

10672191_757106954355252_1686673978370820071_n

Дел од атмосферата по премиерата

Инаку, премиерата на „Деца на сонцето“ поминала одлично. Според зборовите на Митриќески, Македонската амбасада во Лондон организирала одличен прием на кој присустувале многумина јавни личности, но и многу Македонци што живеат и работат во Лондон. Меѓу нив бил и Горан Стефановски, македонскиот драматург, кој повеќе од една деценија живее и работи во Лондон.

10338764_757106994355248_1606912552518570628_n

– Бескрајно сум му благодарен на амабасадор Јован Донев, кој го организираше коктелот по премиерата на филмот. Тој ни ги пренесе импресиите од гледачите, како и од дружбата таму – изјави Митриќески.

Тој уште е изненаден зошто тој и дел од екипата не ги добиле потребните визи за да отпатуваат во Лондон на премиерата.

– Досега во мојата кариера сум присустувал на најмлку 200 филмски фестивал и никогаш не сум имал проблем со обезбедување визи – вели Митриќески.

Филмот на Митриќески ќе се натпреварува во официјалната конкуренција на фестивалот во конкуренција со повеќе од 100 играни филма од светот.

„Реинденс“ се одржува секоја година од 24 септември до 5 октомври на „Пикадили“. Во текот на 22 години фестивалот се претвори во вистинска марка како еден од најголемите и најзначајни фестивали на независен филм, своевиден пандан на американскиот „Санденс“, со кого е во тесна соработка. Вакви фестивали „Реинденс“ има во уште десет града на овие два континента, и тоа: Монтреал, Торонто, Ванкувер, Њујорк, Лос Анџелес, Детроит, Берлин, Брисел, Париз и Будимпешта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top