| четврток, 6 декември 2018 |

Вака изгледа идеалниот маж

Кога станува збор за помладите мажи, до 30 години, совршен џентлмен има лежерна фризура и кадрици како Хери ЕдвардHarry од бендот „One Direction“, а сини очи како младиот актер Зак Ефрон. Пожелно е да се има малку поширока вилицата како Рајан Гослинг  и нос како Џејмс Дорнан, актерот од филмот „50 нијанси – сиво“, пишува босанскиот портал „oslobodjenje“.

Дамите потврдиле дека седата коса кај маж може да биде многу секси. Идеален лик кај мажите постари од 30 години има сива коса како холивудскиот заводник Џорџ Клуни, брада како Дејвид Бекам, а се разбира  сини очи како Бредли Купер . Според мислењето на дамите, совршениот маж има нос како Бред Пит.

Двата типа на совршени лица на мажи биле создадени по анкета во која учествувале 1.000 луѓе во „Kraun” клиниката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top