| четврток, 6 декември 2018 |

Буџетот за 2015 година ја предвидува позитивната економска иднина на Македонија

На денешната Комисија за финансирање и буџет на која се разгледува предлод буџетот за 2015 година свое видување даде пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузнамновска која нагласи дека станува збор за еден развоен буџет кој ќе ја движи економијата во позитивен правец.

Кузмановска нагласи дека македонската економија е тесно поврзана со економиите од европските држави и дека ако се земе во предвид бавното движење на европските економии и истите се споредат со македонската, ќе се забележи од досегашните податоци од 2014 година дека Македонија успева да го задржи позитивниот тренд во областа во економијата.

Растот на извозот и градежништвото претставуваат основни компоненти кои овозможуваат за позитивниот трент на БДП кој го подобрува стандардот на граѓаните. Кузмановска ги поздрави досегашните политики околу овие два компоненти посочувајќи дека и во 2014 овие сектори давале позитивни резултати. Околу Буџетот за 2015 година, Кузмановска посочи дека во градежништвото се очекува раст од 7,5 % додека пак како резултат на новите извозни капацитети звозот треба да порасне за 8,5%.

–   Можам да кажам дека основните компоненти кои го сочинуваат Бруто домашниот производ, економскиот раст на една држава го покажуваат, односно тоа се странските директни инвестиции, тоа е градежништвото, тоа е извозот и потрошувачката имаат позитивни економски показатели и тоа е реална основа за креирање на Буџетот за 2015 година, посочи Кузмановска.

Освен во овие два сектори Кузмановска се осврна и на квалитетната даночна дисциплина која се спроведува и сузбивањето на нелојалната конкуренција кои и помагаат на економијата.

Инвестициите во капиталните расходи од 21 милијарда денари само ја потврдуваат заложбата на оваа Влада за нови капитални инвестиции пред се во инфраструктурата.

Кузмановска не испушти да спомне дека иако инвестициите во инфраструктурата се едни од побитните со предвидувањата во овој Буџет, капиталните инвестиции кои се однесуваат со изградба и реконструкција на средни училишта, основни училишта, спортски сали и други образовни проекти исто така заземаат значаен дел од новиот Буџет на Република Македонија за 2015 година.

Претседавачот на Комисијата за финансирање и буџет, Крсто Мукоски на денешната расправа на комисијата по повод Буџетот на Република Македонија нагласи дека предложениот Буџет за 2015 година е развоен буџет.

Мукоски во своето излагање се посвети на повеќе сегменти кои што ги содржи Буџетот за 2015 нагласувајќи дека овој буџет ја предвидува позитивната економска иднина на Македонија во 2015 година.

Во своето излагање, Мукоски го спомна предвидувањето од 4% на БДП што е добар показател за зголемувањето на стандардот на граѓаните. Исто така беше поздравено и зголемувањето на капиталните инвестиции кој како што спомна претставуваат движечка сила на економијата.

Стимулирањето на домашните компании преку кредитирање на евтини работни линии и напорите за привлекување се повеќе странски инвестиции само ќе помогнат за постабилна економија и пред се за намалување на невработеноста.

Правејќи компарации со земјите од соседсвото, Мукоски посочи дека со овој буџет се предвидуваат зголемувања на платите, пензиите и социјалните трансфери што не е пример во земји како Србија, Хрватска, Словенија и други кои се соочуваат со сериозни кратења на средства во овие сектори.

–  За разлика од неколку земји кој што се во нашето соседство и некогаш живеевме заедно во Република Македонија имаме сосема спротивни показатели. Онака како што вети Владата на Република Македонија, така и треба да го одржи зборот, ќе имаме зголемување од 4% на платите во јавниот сектор, ќе имаме зголемување на пензиите од 5%, ќе имаме зголемување и на социјалните трансфери за ранливите категории. Нема да има отпуштење на вработени од јавниот сектор, се предвидува дополнително намалување на невработеноста преку привлекување на странски директни инвестиции и отварање на нови капацитети, рече Мукоски.

Мукоски нагласи дека Буџетот за 2015 година ја продолжува препознатливата политика на Владата на Република Македонија со која се намалуваат даноците и на тој начин се излегува во пресрет и на бизнис секторот и на повеќето сектори како што се земјоделството, здравството и друго.

На крајот од своето излагање, Мукоски ги повика СДСМ да не изнесуваат разни невистини во јавноста и да ги поздрават овиер позитивни работите кои се во корист на Македонија, граѓаните и нивниот стандарт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top