| четврток, 6 декември 2018 |

Холандија: Војниците да не патуваат со униформа во автобуси и во возови

Министерство за одбрана од Холандија ги советува војниците да не носат униформа во јавниот транспорт, поради зголемените закани дека земјата може да биде цел на напади на радикални муслимани.

holand

Марлус Висер, портпаролката на Министерството, денеска изјави дека одлуката е донесена синоќа, кога Владата објави дека ќе испрати шест авиони-ловци Ф-16, кои ќе извршуваат воздушни напади врз терористичката група Исламска држава во Сирија и во Ирак.

Соопштувајќи ја одлуката, холандскиот вицепремиер Лодевејк Асхер призна дека улогата на земјата во борбата против ИД носи опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top