
– Од 34 синдикални организации на Регионалниот одбор на СОНК Прилеп, кој ги покрива Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани, сите едногласно се изјаснија дека се против одлуката за генерален штрајк, а предложените барања од СОНК да се остваруваат преку дијалог меѓу СОНК и ресорните министерства – истакна претседателот на Регионален одбор на СОНК-Прилеп – Ванчо Спиркоски.
Од 1.500 членови, како што посочи Спиркоски, 220 челенови се за штрајк, другите се против ваквата одлука на Советот на СОНК за генерален штрајк во образованието.
– Секоја синдикална органзација имаше свое изјаснување, врз основа на кое е донесен ваквиот став – нагласи Спиркоски.
Освен од прилепскиот синдикат, СОНК не доби поддршка за генерален штрајк и од претставници на синдикатот од Штип, Велес и Битола, кои вчера јасно ставија до знаење дека не го поддржуваат најавениот штрајк на СОНК. Претходно, поддршка за штрајкот на СОНК откажаа и синдикатите од Другово и од Охрид
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


