| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов турнеја со џипови „Убавините на Бистра“

– По четврти пат викендов ќе се вози традиционалната турнеја со џипови „Убавините на Бистра“. На  турнејата се очекуваат околу 60 учесници со теренски возила и триесетина мотоциклисти од повеќето градови во земјава и тоа од: Битола , Прилеп, Скопје , Гостивар, Тетово, Кичево, Охрид и др.

Почетокот на турнејата ќе биде во 8 часот, пред Здружението на возачи во Кичево, каде  што ќе биде и целта.

На ова рели учесниците ќе поминат околу 80 километри природни патеки, а во текот на денот на една од потешките делници ќе се одржи и натпревар на екстремни патеки.

– Пријавувањето на учесниците ќе може да се изврши до денот на неговото одржување 28 септември – рече Никола Богданоски, еден од организаторите на оваа  турнеја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top