„Форбс“ го состави својот годишен список за најплатени хипхоп-музичари, а на врвот се најде д-р Дре со заработка од вртоглави 620 милиони долари.
„Форбс“ својот список го составува врз основа на процените на приходите од продажбата на албуми, сувенири и концерти. Д-р Дре ги продаде неговите слушалки и звучници „Битс бај д-р Дре“ (Beats by Dr.Dre) на „Епл“ за три милијарди долари, со што богатството на Дре порасна за 350 милиони долари.
„Битс“ (Beats) е марка на слушалки и на звучници, која музичарот д-р Дре ја создал со претседателот на дискографката куќа „Интерскорп – Гифин – Еј анд Ем“ (Interscope-Geffen – A&M), Џини Ловин. Д-р Дре оваа година влезе во историјата како музичар со најголема заработка на нивниот список.
Второто место го поделија Џеј Зи и Диди со заработка од 60 милиони долари. На трето место се најде Дрејк со заработка од 33 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст