На човек од Хрватска му биле измерени 7,3 промили алкохол во крвта. Сепак, и покрај високата концентрација, тој во оваа област не е рекордер во неговата земја, бидејќи рекордот е направен во 2003 година во Макарска со 7,44 промили алкохол.
Во КБЦ Загреб во вторникот е примен маж што имал околу 40 години на кој му се измерени неверојатни 7,3 промили. Како што е соопштено од страна на хрватските медиуми, тој во моментов е на интензивна нега.
Доколку во организмот има повеќе од 3,5 промили алкохол, телото е во состојба на кома, а ако во телото има повеќе од пет промили алкохол, тоа може да се донесе и до смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


