| четврток, 6 декември 2018 |

Колку треба да се работи за едно пиво?

Интернет порталот „Quartz“ направи интересна пресметка за тоа во која земја во светот, колку луѓето треба да работат за да може да купат пиво со просечна цена во таа земја.

Најлошо поминуваат работниците во Бангладеш и Грузија. Претпоставувајќи дека просечната работна недела има 40 часа, колку некој кој е на минималната плата треба да одработи за да плати за пиво?

Во Хрватска, времето што некој со минимална плата треба да го помине на работа за да купи пиво изнесува 0,8 часа. Во Србија за едно пиво со минимална плата треба да се работи 1,3 часа, како и во Бугарија .Најлошо е во Грузија. Таму треба да се работи дури 15,1 часа, скоро два работни дена. Во Бангладеш, пак, 13,4 часа.

Во иста лига со Хрватска, се  Полска, Чиле, Панама и Костарика.  Подобро е во Унгарија и Грција, каде што за една пиво со минимална плата треба да се работи 0,7 часа, а во Франција или Аргентина 0,6 часа. Во Словенија е уште подобро, треба да се работи само половина час, исто како и во Велика Британија, Холандија, Ирска и Чешка. Во САД, Германија, Белгија, Шпанија, Португалија, Јапонија и Канада работник со минимална плата за да може да си дозволи да купи едно пиво треба да работи 0,4 часа, што е 24 минути.Најдобро е во Австралија, Луксембург и Кипар, каде што треба да се работи до 18 минути. Во Порторико, пак, 12 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top