Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов информираат дека, според утврдениот план, Комисијата ќе треба да работи брзо и ефикасно бидејќи веднаш по локалните избори треба да се одржи средба на која ќе се разговара за внатрешнополитичката ситуација, вклучувајќи ги и нејзините наоди за настаните од 24 декември.
Комисијата ќе биде составена од пет члена – стручњак предложен од Иванов, кој воедно и ќе претседава со Комисијата, двајца членови од СДСМ, еден од ВМРО-ДПМНЕ и еден странец. Комисијата треба да ги донесе одлуките со консензус.
„Дневник“ објавува дека засега ниту една од партиите не покажала интерес за формирањето на анкетната комисија иако се обврзале на тоа. Затоа претседателот Иванов деновиве повторно ќе испрати официјални покани до двете партии за да предложат свои претставници.
Комисијата, според планот, треба да ги разгледа настаните што се случија на 24 декември и пред тоа, вклучувајќи ги и нивната уставност, постапувањето на обезбедувањето во и надвор од Собранието и преглед на собраниските процедурални правила во вакви случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани


