| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров: Недозволиво е САД да ги делат терористите на лоши и добри

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека е недозволиво САД да ги делат терористите на лоши и добри, обвинувајќи го Вашингтон за двојни стандарди во однос на тероризмот, јави ИТАР-ТАСС.

lavrov

Тој истакна дека Исламска држава, прогласена за главен непријател на Вашингтон, е составена од истите луѓе, кои добивале „моќно финансирање“ од странство во периодот на соборување на режимот во Либија и оти во Сирија биле правени истите обиди.

– Тогаш „сите средства беа добри“ а Американците и Европејците и тие изјавија дека „ја поддржуваат борбата против тие антинародни режими – рече Лавров.

Според него, Москва го предупредувала Западот, дека во редовите на бунтовниците има многу „екстремисти и терористи“, но предупредувањата биле занемарувани.

– Ако се бориме со тероризмот, треба да го правиме тоа насекаде и секогаш. Не треба да ги сметаш терористите за „добри“ затоа што тие помагаат за соборување на лидер, кој лично тебе не ти се допаѓа, и покрај тоа што е избран, легитимен и раководи земја-членка на ОН, заклучи Лавров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top