Mакедонската поп пејачка Елена Ристевска ќе биде дел од втората сезона на реалното тв шоу на српската телевизија Прва “Твоето лице звучи познато”. Како што објави Вечер, во тек се пробите каде што дел од учесниците го пробуваат својот дел во шоуто.
Меѓу учесниците се и познатата фолк пејачка надалеку познатата Неда Украден која вели дека со душа чека да започне шоуто, најпознатиот српски глумец Милан Гане Гутовиќ кој го паметиме по славната улога на Среќко Шоиќ, српската фолк пејачка Тања Савиќ, српските глумци Јелена Гавриловиќ, Ненад Окановиќ и Катерина Богичевиќ, како и фолк пејачот Драган Којиќ Кеба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


