| четврток, 6 декември 2018 |

Екстензиите за коса популарни и пред 3.000 години

Иако многумина од нас со надоградбата за коса се сретнале за првпат пред неколку години и тоа како современ изум и моден тренд, сепак едно археолошко истражување покажа дека за неа знаеле и древните Египќани уште пред 3.300 години и ја користеле.

Така, неодамна е пронајден череп на жена која живеела пред повеќе од три илјади години, а на кој имало околу 70 екстензии на коса.

1671338537541f113fd9472068969048_640x427

-По се’ изгледа, косата е фиксирана по смртта, а пред погребот – вели археологот Јоланда Бос, додавајќи дека многу е веројатно дека овој народ од споменатиот период ги користел додатоците за коса и во секојдневниот живот.

Черепот со екстензии е еден од 28-те пронајдени со коса.

Бос вели дека поголемиот број додатоци ги сочинуваат куси прамени, но има и плетенки и спирали.

– Пронајден е доказ дека барем една жена ја бојадисувала седата коса, најверојатно од истите причини од кои и денес луѓето ги сокриваат белите влакна – открива Јоланда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top