| четврток, 6 декември 2018 |

Италија конфискува имот на соработник на Путин вреден 30 милиони евра

Италијанските власти конфискуваа имот вреден 30 милиони евра на близок соработник на рускиот претседател Владмир Путин, согласно санкциите воведени од Европската унија.

vladimir-putin02-600x411

Даночната полиција конфискуваше луксузен хотел во Рим, апартман и три вили на Сардинија и друга вила северно од италијанскит главен град, сопственост на Аркадиј Ротенберг, пишува весникот „Корере дела сера“.

Портпаролот на даночната полиција не ги потврди информациите, но „Кориере дела сера“ сепак на својата веб страница објави денеска видео од упадот на финансиската полиција на кое се гледа нејзиното официјално лого.

Ротенберг, кој е вклучен на црната листа на САД, е долгогодишен пријател на Путин. Според американското списание „Форбс“, тој е меѓу 479-те милијардери во светот со состојба од 3,4 милијарди долари.

ЕУ и САД воведоа санкции кон најблиските соработници на Путин како одговор на руската воена интервенција во Крим и тврдењата за руското вмешување во случувањата во источна Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top